Дома Фудбал Репрезентации Нови проблеми за Франција: Уште еден фудбалер изолиран поради треска

Нови проблеми за Франција: Уште еден фудбалер изолиран поради треска

Поради болест натпреварот против Мароко во таборот на француската репрезентација го пропуштија Дајот Упамекано и Адриен Рабио, а проблемите за Французите сега дополнително се зголемиле.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Франција уште пред почетокот на Светското првенство започна да се соочува со проблеми со повреди, истото се случуваше и за време на Мундијалот, па и сега повторно.

Последните откажувања доаѓаат поради болест.

„Утрово Коман имаше треска. Ќе го изолираме него од останатите фудбалери, исто како што беше со Рабио“, потврди Дешамп.

За Рабио подоцна се потврди дека во прашање бил новиот вирус „камила“ и тој веднаш бил изолиран. Французите стравуваат да не се појават нови случаи до почетокот на финалето со Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер јунајтед се огласи: Што се случува со заборавениот Де Лихт?

Во време кога важните фудбалски настани буквално се менуваат од час во час, некои работи и…