Дома Фудбал Дали Бензема ќе се врати за финалето? Еве што вели Дешамп

Дали Бензема ќе се врати за финалето? Еве што вели Дешамп

Карим Бензема би можел да се врати во Катар и да биде дел од репрезентацијата на Франција за финалето во недела.

Бензема се повреди на тренингот на „триоклорите“ на 19 ноември, ден пред почетокот на Мундијалот во Катар, па мораше да ги пропушти настапите за репрезентацијата.

Тој остана на списокот играчи кои се пријавени за настапи на СП во Катар, а Дешамп не повика никого на неговото место, па поради тоа се шпекулира дека може да се врати.

„Нема да ви одговорам на ова, претпочитам да преминам на следното прашање“, истакна Дешамп кога беше прашан за Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девет гола кај Илинден, Саса сигурна, а мечот на Напредок прекинат

Илинден ја совлада Беса Сарај со 6-3, додека Саса славеше на гостувањето кај Карбинци. Рег…