Дома Фудбал Останато ЕУ даде став за Суперлигата:Може да постои, но надвот од ФИФА и УЕФА

ЕУ даде став за Суперлигата:Може да постои, но надвот од ФИФА и УЕФА

Европската фудбалска Суперлига денеска доби нов удар со што значително се намали можноста за формирање посебно натпреварување во кое би учествувале само најголемите и најбогатите клубови во Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Суперлигата е слободна да формира сопствено натпреварување, но таа не може да егзистира под капата на ФИФА и УЕФА без претходно овластување од две организации.

„Додека Европската Суперлига како компанија е слободна да создава сопствено независно фудбалско натпреварување надвор од еко-системот на УЕФА и ФИФА, истовремено по создавањето на тоа натпреварување не може да продолжи да учествува во фудбалски натпревари организирани од ФИФА и УЕФА без претходно овластување од овие федерации“, велат од ЕУ.

Мислењето на генералниот советник доделен во овој случај, Атанасиос Рантос, не е обврзувачко, но Судот на правдата на Европската унија проценува дека неговите судии ја следат линијата на овие претходни мислења во приближно 80% од случаите. Треба да биде утврдено дали ФИФА и УЕФА ја злоупотребиле својата доминантна позиција во европските фудбалски натпреварувања со блокирање на создавање на алтернативен турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нова скандал го тресе Мондијалот: ФБИ ја истражува аферата на Аргентина од 300 милиони долари

Додека целиот свет зборува за начинот на кој Аргентина влезе во четвртфиналето на Мондијал…