Дома Македонски спорт Мак фудбал Спектакл за 100 години ФК Беласица 🎥

Спектакл за 100 години ФК Беласица 🎥

Навивачката група „Ајдуци“ на спектакуларен начин го прослави 100. роден на ФК Беласица.

На стадионот „Младост“ во Струмица беше приредена спектакуларна „баклијада“. Снимката од дрон изгледа навистина спектакуларно.

„Една и единствена, нашата Струмица како и нејзината најголема гордост ФК Беласица, една целина која ја исполнува душата и срцето на секој струмичанец, засекогаш.

Одбележување на сто години гордост на градот, ФК Беласица, како и денот на нашиот град Струмица“, објавија „Ајдуци“ покрај видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…