Дома Македонски спорт Се појави првиот кандидат – Најголемиот производител на лекови го купува Вардар?

Се појави првиот кандидат – Најголемиот производител на лекови го купува Вардар?

Како и што се очекуваше откако рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко најави заминување, полека започнаа да се јавуваат првите кандидати за купување на македонскиот спортски бренд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Да потсетиме, Самсоненко одлуката за заминување ја соопшти откако беше револтиран и разочаран од негативните коментари на фановите кои пристигнуваа после одредувањето на првичните цени за домашниот натпревар против Фенербахче.

Самсоненко е спремен да се откаже од сите три клуба, машкиот ракометен тим на Вардар, женскиот и фудбалскиот клуб. Покрај клубовите се шпекулира дека Самсонеко на продажба ги ставил и спортскиот центар „Јане Сандаски“ и хотел „Русија“.

Како прв кандидат за купување на најголемиот македонски спортски бренд се јави најголемиот производител на лекови во државата „Алкалоид“, пренесува репортер.мк.

Се шпекулира дека договорот е постигнат, а сите формалности би биле завршени по истекот на актуелната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…