Дома Фудбал Останато Поранешен фудбалер и тренер на Партизан загина во сообраќајна несреќа

Поранешен фудбалер и тренер на Партизан загина во сообраќајна несреќа

Поранешниот фудбалер и тренер на белградски Партизан, Миоград Јешиќ загина претпладнево во сообраќајна несреќа што се случи меѓу Рума и Јарак во Србија.

Јешиќ ја почна сениорската кариера во редовите на „црно-белите“, каде што играше од 1980 до 1985 година, а потоа се пресели во Турција и настапуваше за Алтај и Трабзонспор, по што направи кам-бек во Партизан.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тренерската кариера ја почна во нишки Раднички, а ги предводеше и ОФК Белград, Партизан, Сараево, Сфаксиен, Алтај, Славија Софија, Ал Араби, Јангон јунајтед. Беше и на клупата на Бордо во 16 натпревари во кои имаше скор од девет победи, два нерешени исхода и пет порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибрахимовиќ со нова улога ќе биде дел од Мундијалот: Ова ќе биде најдобриот досега!

„Фокс спорт“ американскиот канал на англиски јазик за Светското првенство во фудбал 2026 г…