Дома Фудбал Англичаните две години правеле план како да го запрат Мбапе

Англичаните две години правеле план како да го запрат Мбапе

Англија ќе ги одмери силите со Франција во четвртфиналето на Мундијалот, а најголема закана кон голот на Гордиот Албион секако ќе биде Килјан Мбапе.

Најголемата француска ѕвезда, во досегашниот тек од Мундијалот постигна пет гола и забележа две асистенции.

Медиумте на Островот, објавија дека Саутгејт две години се подготвува за натпреварот против Мбапе, бидејќи бил свесен дека во еден момент Англија ќе мора да се соочи со Франција.

Како што пишува „Индепендент“, Саутгејт и неговите соработници развиле план против Мбапе. Тие се убедени дека најдобриот начин да се запре Мбапе е да му парираат со подеднакво моќен и опасен напаѓач, принудувајќи го да се фокусира повеќе на одбраната отколку на нападот.

Во овој случај тоа треба да биде Фил Фоуден, ѕвездата на Манчестер Сити, а опција е и Маркус Рашфорд. Во случај да биде Рашфорд како десно крило, Фоуден би се преселил на левата страна од нападот на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…