Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Луис Енрике поднесува оставка, има фаворит за негов наследик

Луис Енрике поднесува оставка, има фаворит за негов наследик

Луис Енрике ќе поднесе оставка од селекторското место на Шпанија во следните 48 часа, пренесуваат тамошните медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поразот од Мароко и раната елиминација од СП влијаеше на неговата конечна одлука и тој ќе ја напушти клупата на Шпанија, а официјална потврда се очекува во следните 48 часа.

Како главен фаворит за негов наследник се споменува Луис де ла Фуенте. Станува збор за селекторот на младата репрезентација на Шпанија со која стана европски првак во 2019 година, а подоцна го освои и сребрениот медал на Олимпијадата во Токио во 2020 година. 

„Луис Енрике заминува во следните 24 до 48 часа, а негова замена ќе биде селекторот на репрезентацијата до 21 година, Луис Де ла Фуенте“, пренесуваат шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Хрватска го има најгрдиот дрес на Мундијалот, ова е цела листа

Угледното спортско списание „Атлетик“ објави ранг-листа на дресови на сите 48 репрезентаци…