Контроверзиите помеѓу Џердан Шаќири и српските навивачи и новинари продолжија и по вчерашниот пораз на Швајцарија од Португалија со 6:1.
Новинар на српски Телеграф му пријде на Шаќири и го праша: „Зошто ги провоцирате Србите?“
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шаќири на тоа се насмевна и одговори: „Пријателе, постигнав гол, само си ја вршев работата“. Потоа, насмеан, неколку пати повтори: „Ви дадов два гола, го знаеш тоа…“.
Новинарот му одговорил дека не е негова работа да провоцира, а Шаќири продолжил: „Два гола, ви дадов два гола во два натпревари..“
На ова реагираше портпаролот на швајцарскиот фудбалски сојуз и го тргна Шаќири на страна, но српскиот новинар ја продолжи дискусијата: „Зошто се смеете кога загубивте со 6:1?
Шаќири одговори: „Да плачам?
Српските новинари се обидоа да разговараат и со Гранит Џака, меѓутоа иако Џака сакаше да разговара со српските новинари портпаролот на репрезентацијата инсистираше да нема разговор.