Во Бали, Индонезија се игра Светскиот шампионат во CS:GO кој започна во петок, а дел од овој шампионат е и Македонија која е претставувана од тимот на „BLUEJAYS“
Македонскиот тим не само што учествува на турнирот туку е и еден од највисоко рангираните тимкови и во Бали се со цел да ја освојат својат втора награда за прво место на турнирот. Македонскиот тим го освои ова Светско првенство во големото финале со „OneTap“ победувајќи со 2:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Екипите се распределени во осум групи и најдобрите две екипи ќе обезбедат пласман во плеј-офот каде што ќе се борат за награда од 100.000 долари.
Вечерва во 02:00 часот по македонско време или во 09:00 часот по локално „BLUEJAYS“ ќе играат против Индонезија.
Македонија ја претставуваат:
Јане Апостолоски „аidKit“
Александар Ќуловски „CacaNito“
Даниел Глигоров „dan1“
Дамјан Стоилковски „kyxsan“
Павле Стојановски „stYleEeZ“