Дома Фудбал Моќниот Бразил лесно до четвртфинале

Моќниот Бразил лесно до четвртфинале

Бразил уште еднаш покажа зошто е еден од најголемите фаворити на Мундијалот и лесно избори пласман во четвртфиналето.

„Кариоките“ немаа проблем против Јужна Кореја и ја завршија работата за едно полувреме, откако постигнаа четири гола.

Резултатот го отвори Винисиус, а само неколку минути подоцна Нејмар беше прецизен од белата точка за 2:0.

Потоа следуваше прекрасна акција која со гол ја заврши Ричарлисон, а неколу минути подоцна Пакета зголеми на 4:0.

Во вториот дел Бразил го намали темпото, но повторно создаде неколку одлични шанси преку Рафиња, кој не успеа да постигне гол.

Јужна Кореја постигна почесен гол преку Сеунг-Хо во 76-та минута, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасукиќ ја реши Шкендија Арачиново, ВАР го потврди вториот удар на Силекс

Силекс славеше со 2:0 во Кратово со два погодока на Есмир Хасукиќ. Вториот гол беше призна…