Дома Фудбал Полицијата објави детали од грабежот во домот на Стерлинг

Полицијата објави детали од грабежот во домот на Стерлинг

Рахим Стерлинг ја напушти репрезентацијата на Англија и не беше во составот за натпреварот против Сенегал кој Англија го доби со 3:0.

Првичните информации на медиумите дека напаѓачот си заминал поради грабеж во неговиот дом се покажаа како точни.

Стетрлинг веднаш го напуштил кампот на Англија и се врати во Лондон да биде со семејството. Герет Саутгејт на прес-конференцијата после натпреварот истакна дека не знае дали Стерлинг ќе се врати со репрезентацијата.

Денес полицијата на Островот откри детали за инцидентот. Потврдено дека нешто пред 21:00 часот пристигнала пријава за грабеж.

По пристигнувањето на полицијата на местото на настанот разбојниците си заминале со накит, часовници и други вредни предменти. Нacилcтво и закани не биле пријавени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двоен удар за Баерн: Келн однесе бод, Кејн и Олизе се повредија

Баерн одигра 1:1 со Келн во Минхен, но поголема грижа се принудните замени на Хари Кејн и …