Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дерби на денот: Можат ли Сон и дружината да ги расплачат Бразилците?

Дерби на денот: Можат ли Сон и дружината да ги расплачат Бразилците?

Денес на програмата се осминафиналните натпревари од Светското првенство, а најголемо внимание секако привлекува дуелот помеѓу Бразил и Јужна Кореја.

Бразил ги оправда очекувањата и го освои првото место во групата каде беше голем фаворит, додека Јужна Кореја помалку неочекувано со победа во последното коло успеа да се пласира во осминафиналето.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Бразил ги оправда очекувањата и го освои првото место во групата каде беше голем фаворит, додека Јужна Кореја помалку неочекувано со победа во последното коло успеа да се пласира во осминафиналето.

Бразил е дојден во Катар по трофејот

Бразил е сигурно еден од главните фаворити за освојување на Светското првенство и во првите два меча против Србија и Швајцарија го покажа тоа. Во третото коло селекторот Тите имаше луксуз да излезе со резерврниот тим, па поразот од Камерун не беше болен. И покран фактот што „кариоките“ немаат среќа со повредите во Катар и уште на првиот меч го загубија најдобриот фудбалер, Нејмар, сепак покажаа дека можат без секого. Исто така поради повреди овој меч ќе го пропуштат Габреиел Жесус и Алекс Телеш, но и покрај тоа Бразил е голем фаворит во овој меч. Целта на оваа репрезентација е да ја освојат Божицата после цели 20 години и се друго освен победа на овој меч ќе биде големо изненадување.

За Кореја и ова е огромен успех

Јужна Кореја со пласманот во осминафиналето забележа огромен успех и веројатно тоа е и крајниот домет на оваа репрезентација со оглед на противникот. Кореја беше во исклучително тешка група, но остана непоразена против Уругвај, а во последниот меч против Португалија го одигра најдобриот меч и дојде до победа со гол во судиското продолжение (2:1). Настана големо славје во репрезентацијата, па мечот со Бразил сигурно ќе биде празник за оваа земја. Сон и дружината се апсолутни аутсајдери на овој меч, но сигурно нема лесно да се предадат. Ќе се обидат да се бранат и преку контранапади да постигнат гол против Кариоките, иако тоа ќе биде многу тешко.

Очекување

Бразил е апсолутен фаворит и очекуваме лесно да дојде до победа која најверојатно ќе биде изразена со повеќе голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дали Меси ќе игра на Мундијалот 2026 година?

Лео Меси се чини дека има намера да игра за својата Аргентина и на СП 2026 кое ќе се одржи…