Дома Фудбал Останато Фјури заработи богатство од победата против Чисора

Фјури заработи богатство од победата против Чисора

Британскиот боксер Тајсон Фјури на стадионот на Тотенхем во Лондон пред 60.000 гледачи ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија во ВБЦ-верзија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фјури го истепа сонародникот Дерек Чисора, па судијата мораше да ја прекине борбата на крајот на 10-та рунда.

„Се чувствував добро. Ми требаа неколку рунди бидејќи одмарав од април. Бев во пензија и се случија многу работи во тој период.

Дерек е голем воин и ми беше привилегија да се борам со него. Усик е следен“, кажа Фјури.

Светскиот шампион за победата заработи 21 милион фунти, додека на Чисора му припаднаа 3,8 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лариса Рикелме повторно се појави и ги поздрави фановите (Фото)

Лариса Рикелме повторно се појави. Во Јужна Африка во 2010 година стана планетарен хит, де…