Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Холандија е првиот четвртфиналист на Мундијалот

Холандија е првиот четвртфиналист на Мундијалот

Холандската репрезентација е прв четвртфиналист на Мундијалот во Катар, откако ја совлада репрезентацијата на САД со 3:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Лалињата“ одлично го започнаа мечот и уште од првата акција стигнаа до предност со голот на Депај во 10-та минута.

Америкаците потоа ја контролираа играта и создадоа неколку одлични шанси, но не успеаа да постигнат гол, па стигна казната. Во 45-та минута зголемина на 2:0 со голот на Блинд после еден контранапад.

Во второто полувреме гледавме отворен и динамичен фудбал, Холандија имаше шанси да го зголеми водството, а САД во 74-та минута намалија на 2:1 со голот на Рајт.

Меѓутоа само некоку минути подоцна Холандија ја врати предноста од два гола, откако Думфрис погоди за 3:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Мурињо ги изгуби нервите по ремито: За потегот на „Специјалниот“ зборува цел Мадрид!

Жозе Мурињо не беше задоволен по ремито на неговиот тим против Фиорентина. Натпреварот зав…