Дома Фудбал Уште еден доказ за расколот во белгиската репрезентација

Уште еден доказ за расколот во белгиската репрезентација

Репрезентацијата на Белгија е едно од најголемите разочарувања на Мундијалот, откако испадна во групната фаза, а беше еден од фаворитите.

Уште за време на групната фаза се појавија информации за лоша атмосфера во тимот, а поделбите и расколот продолжува и после елиминацијата.

Имено, петмина фудбалери одлучиле да не патуваат со тимот дома и си вратиле со индивидуални авионски билети. Станува збор за Томас Муние, Аксел Витсел, Џереми Доку, Артур Тете и Луис Опенда.

Се појавија информации дури и за физички пресметки по поразот од Мароко, но беа демантирани, а селекторот Мартинес си поднесе оставка после елиминацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роџерс застана зад Палмер: „Лага е дека не сака да игра за Англија!“

Морган Роџерс ги отфрли сомнежите во посветеноста на Кол Палмер кон репрезентацијата, доде…