Дома Македонски спорт Мак фудбал Ван дер Хејден и Манев во стручниот штаб на Вардар

Ван дер Хејден и Манев во стручниот штаб на Вардар

Македонскиот шампион Вардар денес објави дека го комплетирал стручниот штаб со белгискиот тренер Стефан ван дер Хејден, и тренерот на голманите Мане Манев.

Стефан ван дер Хејден ќе му биде асистент на Чедомир Јаневски на клупата на нашиот тим. Тој во минатото работеше како помошник во екипите на Бриж, Локерен и Беверен. Во играчката кариера Ван дер Хејден играше во неколку белгиски клубови, а беше дел и од белгиската репрезентација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мане Манев во иднина ќе работи со голманите на Вардар. Манев беше тренер на голмани во многу екипи во Македонија, а до сега работеше во младинските категории на „црвено-црните“. Во минатото беше дел од стручниот штаб на националниот тим на Македонија.

Дел од стручниот штаб на Вардар и понатаму остануваат Александар Влахо, Александар Васоски и Михајло Костиќ, додека досегашниот тренер на голманите, Саша Илиќ го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…