Напаѓачот на српската репрезентација Душан Влаховиќ ја откри причината за малата минутажа на Светското првенство.
Влаховиќ објасни дека немало неспортски работи, и дека останал на клупата против Бразил и Камерун во договор со селекторот Стојковиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
“Се чувствувам добро, многу подобро, подготвен и се надевам дека ќе играм во петок. На тренерот е да одлучи. Не играв во договор со селекторот бидејќи не бев подготвен. Имав повреда на тетивата. Дојдов тука повреден и сега се чувствувам подобро“, изјави Влаховиќ.
Спремен е да го даде максимумот против Швајцарија.
„Самиот пласман на Светското првенство е многу важен за нашите луѓе. Живееме за вакви натпревари и едвај чекаме. Одиме да победиме, а против Швајцарија ќе го надминеме максимумот-ветуваме. Нека победи подобриот“, порача Влаховиќ.