Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Историја на натпреварот Германија – Костарика

Историја на натпреварот Германија – Костарика

За првпат во историјата на женскиот фудбал утре жена ќе суди натпревар на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Французинката Стефани Фрапар ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Костарика и Германија кој се игра утре во рамките од третото коло. Асистенти на Стефани ќе бидат Нуса Бек од Бразил и Карен Диас Медина од Мексико.

Фрапар веќе има искуство на Мундијалот и беше четврти судија на натпреварот помеѓу Мексико и Полска. Претходно таа стана првата судија која делела правда на натпревари во Лига 2 (2014 ) и Лига 1 (2019), Европскиот Суперкуп (2019), групна фаза од ЛШ (2020) и квалификациски натпревар за Светско првенство (2021).

Во натпреварот помеѓу Костарика и Германија и двете селекции имаат шанси за пласман во следната фаза, меѓутоа тешко е да се верува дека Германците ќе дозволат нов кикс на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Мурињо му достави листа на Перез: „Овие шестмина веднаш да си заминат“

Според информациите кои се појавија во јавноста, португалскиот стратег го известил клупско…