Дома Фудбал Франција Историски момент во Франција: За првпат жена ќе суди во финалето на купот!

Историски момент во Франција: За првпат жена ќе суди во финалето на купот!

Oваа година историски момент ќе видиме во Франција, донесена е одлука финалето на Купот на Франција да го суди жена.

Фудбалската федерација на Франција ја одреди Стефани Фрапар за главна на теренот во битката за трофејот во францускиот куп каде што ќе се сретнат Ница и Нант. Финалето е закажано за на 7. мај.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Инаку, Фрапар претходно во 2019 година стана првата жена која започна да суди во Лига 1, па сега повторно го носи женското судење во Франција чекор напред. Првиот натпревар на кој делеше правда во Лига 1 беше дуелот меѓу Амиен и Стразбур. Tреба да се додаде дека таа стана и првата жена која судеше на натпревар во Лигата на шампионите, па за очекување во иднина да добива и нови важни натпревари, како во Франција, така и во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…