Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Хаос во репрезентацијата на Белгија: Лукаку спречил голем инцидент!

Хаос во репрезентацијата на Белгија: Лукаку спречил голем инцидент!

После две кола Белгија нема сигурен пласман во осминафиналето, напротив за такво нешто и треба победа во дербито во третото коло против Хрватска.

Во второто коло Белгијците беа изненадувачки поразени од Мароко, а после овој натпревар се случувал хаос во соблекувалната, пренесува „Л’Eкип“. Имаше префрлувања и во јавноста, Де Брујн и Азар изјавија дека не можат до светската титула затоа што тимот е премногу стар, Вертонген порача дека стар е офанзивниот дел на репрезентацијата. Така тој намерно ги прозва Азар и Де Брујн.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Атмосферата во соблекувалната била исклучително нарушена, а се создале и кланови. Се наведува дека во хаосот не учествувале само фудбалерите, туку и членови на стручниот штаб.

Лукаку се обидувал да ги смири страстите и да воведе мир помеѓу две страни. После ваквите информации и играта која ја прикажа Белгија на првите два натпревари тешко е да се верува дека оваа репрезентација има некакви шанси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ѕвезди на Баерн Минхен намерно добивале жолти картони во ЛШ!?

Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, Баерн го декласираше Аталан…