Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Саудиска Арабија повторно беше одлична, Полска ги слави Шчесни и Левандовски

Саудиска Арабија повторно беше одлична, Полска ги слави Шчесни и Левандовски

Фудбалската репрезентација на Полска ја забележа првата победа на Светското првенство, oткако денеска со многу среќа ја совлада Саудиска Арабија со резултат 2:0.

Херој на Полјаците беше Војчех Шчесни, кој одбрани пенал при 1:0 и направи уште неколку одлични интервенции.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Фудбалерите на Саудиска Арабија покажаа дека победата над Аргентина не била случајна. Од самиот почеток тие беа тим со појасна идеја, додека Полјаците беа повлечени на својата половина, исто како во првото коло против Мексико.

Избраниците на Ерве Ренар имаа неколку прилики пред голот, во 13. минута Кано имаше шанса, Шчесни одлично одбрани.

Саудијците доминираа скоро во текот на целиот натпревар, Полска сите шанси кои ги направи , ги направи преку контранапади. Меѓутоа во нападот имаат играч како Роберт Левандовски кој денес запиша асистенција и постигна гол. Првиот гол за Полска го постигна Зјеленски, додека Левандовски на десетина минути пред крајот украде топка на противничката половина и го матираше голманот на Саудијците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Кавани се сели во Кипар

Шампионот на Кипар, Пафос испратил понуда до Единсон Кавани и се во сериозни преговори со …