Ветеранот Дани Алвеш е највозрасниот фудбалер на Бразил кој бил повикан на еден Мундијал.
Тој во својата богата кариера имаше можност да игра со најдобрите фудбалери во светот, а долго време ја делеше соблекувалната со Меси и Нејмар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Двајцата моментално играат во ПСЖ заедно со Мбапе, па Дани Алвеш го „пецна“ Французинот.
„Мбапе е феномен кој уште не разбрал дека тие што играат со него во напад се поголеми феномени од него. Нејмар и Меси се уникатни: тие гледаат и прават работи што никој не ги гледа или не може да ги направи. Голем играч мора секогаш да знае и да разбере со кого игра, соиграчите ги збогатуваат твоите квалитети“, изјави Алвеш.
„Мислев дека сум добар со топката, но кога играв со Лео, му ја давав топката. Истото со Нејмар. Ако Мбапе им ја дадеше топката на Меси и Нејмар, ќе постигнуваше 150 гола по сезона“, додаде Бразилецот.