Дома Македонски спорт Несторовски може да го напушти Удинезе во јануари

Несторовски може да го напушти Удинезе во јануари

Репрезентативецот на Македонија Илија Несторовски месецов за првпат по долга пауза од 20 месеци заигра на пријателските натпревари за Македонија. Медиумите во Италија сега пренесуваат дека Нестор може да го промени клубот во јануари.

Информациите на „Ил Месанџер Венето“ се дека Специја веќе остварила контакт и се распрашувала за можен трансфер на македонскиот напаѓач. Несторовски по хиерархија е четврти напаѓач во Удинезе, па не е невозможно клубот да се откаже од неговите услуги во јануари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Не добива сериозна минутажа, но сепак успеа да постигне гол во поразот на Удинезе од 3:2 против Наполи пред паузата за Светското првенство. Тренер на Специја е Лука Готи со кого Несторовски соработуваше во Удинезе.

Специја сака да го засили нападот за вториот дел од сезоната откако во првиот по 15 натпревари во Калчото е над опасната зона со 13 бодови од 14 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…