Продолжуваат проблемите со повредите за фудбалската репрезентација на Франција на Светското првенство во Катар, сега проблеми има Кингсли Коман.
Според „Л’Екип“, 26-годишниот фудбалер на Баерн Минхен го напуштил последниот тренинг на француската репрезентација. Станува збор за повреда на мускулот, а се уште не се знае колку е сериозна и дали ова е навистина нов голем удар за актуелниот светски шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Франција на првенството дојде без голем број многу важни играчи. Поради повреди ова првенство го пропуштија Бензема, Нкунку, Канте, Погба и Кимпембе, а на првиот меч се повреди и Лукас Ернандез.
Ернандез мораше да го напушти теренот во 13. минута поради повреда која не само што го заврши настапот во Катар, туку и ја заврши целата сезона. Во второто коло од групата Д, Франција во сабота ќе игра против Данска.