Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Роналдо погоди, Португалија подобра од Гана!

Роналдо погоди, Португалија подобра од Гана!

Ако претходните два натпревари денес не донесоа големи возбудувања не беше така со натпреварот помеѓу Португалија – Гана во кој видовме дури пет погодоци.

Се што беше интересно на овој натпревар се случуваше во второто полувреме. Во првиот дел видовме по некоја шанса на двете страни, но мрежите мируваа. Кристијано Роналдо изнуди пенал и истиот го реализираше во 65. минута. Гана преку Андре Ајев изедначи во 73. минута.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Возбудувањата не застанаа тука, напротив само што започнаа. Жоао Феликс пет минути подоцна го врати водството на Португалците, а на 10 минути до крајот Леао зголеми на 3:1. Не се откажа Гана и покрај двата гола негатива, Букари во 89 минута стрела за 3:2. Сепак, за повеќе немаа сили, па Португалија стартуваше со победа.

Треба да се спомене и дека Роналдо со голот вечерва стана единствениот фудбалер кој постигнал гол на пет светски првенства во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Само еден играч на Барселона ги одигра сите натпревари оваа сезона, сега и тој се повреди

Овој удар доаѓа во момент кога тимот се обидува да го стигне водечкиот Реал Мадрид во Ла Л…