Еден од најтрофејните тренери на светот, Карло Анчелоти откри за кого ќе навива на Светското првенство во Катар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со оглед на фактот дека неговата Италија нема да учествува на Мундијалот, Анчелоти ќе навива за Канада, а откри и зошто.
„На Светското првенство ќе навивам за Канада. Канада одамна не била на Светското првенство. Канада е мојот втор дом. Исто така, претседателот на Канадската фудбалска асоцијација е од Абруцо и сите таму ќе навиваат за Канада“, изјави Анчелоти.
Анчелоти ќе има уште една причина да навива за Канада, бидејќи неговата сопруга, Маријан Мекклеј е од таму.