Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалерите до 19 години со победа против Сан Марино го завршија квалификацискиот турнир

Фудбалерите до 19 години со победа против Сан Марино го завршија квалификацискиот турнир

Репрезентацијата на Македонија до 19 години оствари победа со 2:0 над соодветната селекција на Сан Марино во натпреварот од последното коло на квалификацискиот турнир кој се одржува во Скопје.

Младата репрезентација на Македонија ги освои првите бодови и со победа го заврши квалификацискиот циклус (прва фаза) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство 2023 година во Малта.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Во првото полувреме, избраниците на селекторот Неџат Шабани од старт ја презедоа иницијативата и не дозволија противникот посериозно да се закани по нашиот гол.

Подобрата игра ја крунисавме со погодок во 36. минута. Трајков се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник и успеа да погоди за предност на Македонија.

Во продолжението од натпреварот, Македонија успеа да постигне уште еден погодок. Назифи во последните мигови од средбата ги постави конечните 2:0.

Во вториот натпревар во нашата група, на стадионот на Македонија Ѓ.П., селекцијата на Србија ја совлада Норвешка со 2:0 во директна борба за првата позиција во нашата група.

Македонија: Тасев, Чајани, Серафимов, Јаневски, Ѓоргиевски, Османи,Чилафи, Зенку, Трајков, Талевски, Ташов;

Селектор: Неџат Шабани;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Велковски: Се враќам на стадионот каде што поминав прекрасни години

Македонската А репрезентација го одржа првиот тренинг на стадионот „Рујевица“ во Ријека, к…