Италијанските медиуми пренесуваат дека Франк Кеси сака да се врати во Милан само шест месеци после неговото заминување.
Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а негова најголема желба е да се врати на „Сан Сиро“.
Претставник од агенцијата која го застапува фудбалерот имал средба со Малдини во Милано, но „росонерите“ нема лесно да му простат што замина без обештетување.
Милан не сака да плаќа отштета и е спремен да го врати само на 18-месечна позајмица, но Барса тешко ќе се согласи на такви услови.
Интерес за Кеси покажуваат Фулам и Астон Вила, но приоритет на фудбалерот е да се врати во Милан.