Диего Коста нема намера да игра за Челзи, но мораше да се врати во Лондон, бидјеќи практично и нема каде.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанецот не успеа да го реализира трансферот во Атлетико Мадрид, па сега мораше да се врати, бидејќи има договор со Челзи, а преодниот рок е завршен.
Мадридска „Марка“ пренесе дека планот на Коста е на сите можни начини да го издејствува трансферот во Атлетико Мадрид, не сака да остане подолго од што мора, а тоа е до јануари. Не му е важно дали ќе биде во екипата или не, туку само Челзи да одобри да замине во разумна цена.
Шпанецот не е регистриран за ЛШ, така што од зима ќе може да игра на сите фронтови со четата на Диего Симеоне.
Антонио Конте не смета на него, прашање е дали само ќе биде во натпреварувачкиот погон, односно со кого ќе тренира до зима.
Со самото тоа, Атлетико ќе биде во можност да се ценка, и да ја спушти цената за бившиот голгетер.