Дома Топ вести Роналдо му се нуди на Реал да биде замена за Бензема

Роналдо му се нуди на Реал да биде замена за Бензема

Карим Бензема заработи сериозна повреда на последниот тренинг на Франција и ќе го пропушти Мундијалот, а тоа е голем проблем и за Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познато е дека Анчелоти нема адекватна замена за Бензема во тимот, па сега медиумите шпекулираат дека во Мадрид би можел да се врати Кристиано Роналдо.

Роналдо е на излезни врати од Манчестер Јунајтед по неговото контроверзно интервју со Пирс Морган каде го нападна клубот и тренерот, па „црвените ѓаволи“ сакаат да го раскинат договорот.

Роналдо сака да ги искористи повредите на Карим Бензема за одново да го облече дресот на „кралевите“ и шест месеци да настапува на „Сантијаго Бернабеу“.

Португалецот му се понудил на својот поранешен клуб дека е спремен во јануари да се врати во Мадрид и да игра до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…