Килијан Мбапе денес и официјално беше претставен како нов играч на Пари Сент Жермен, откако „светците“ се согласија за него да платат 180 милиони евра.
Мбапе меѓутоа тврди дека парите не се пресудни за изборот на новиот клуб и истакна дека големата цена платена за него нема да му врши голем притисок.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не ми е важно колку сум платен, дали едно евро или 180 милиони. Тие пари не се од мојот џеб. Дојдов во ПСЖ поради проектот кој го има клубот, но и Париз е мојот дом“, истакна Мбапе.
„Посакувам трофеи, сакам да освојам што е можно повеќе трофеи. Стигнав во клуб каде нема целото внимание да биде свртено кон мене. Разговарав со тренерот и јасно ми кажа каде ќе биде моето место во тимот“, додаде младиот Французин.
Своето официјално деби Мбапе ќе го има веќе во петок, кога ПСЖ му гостува на Мец во рамките на 5-то коло од Лига 1.