
Милан во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе играчот за врска на Челзи, Лофтус Чик.




Милан е силно заинтересиран за Рубен Лофтус Чик, кој одигра одлично против „росонерите“ и го привлече вниманието на Малдини.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
26-годишниот играч за врска не добива голема минутажа во Челзи, па и самиот е спремен да ја промени средината.




Милан сака да го доведе во јануари на позајмица со право на откуп, а истовремено да се ослободи од Бакајоко.




Лофтус Чик има договор до 2024 година со „сините“, а за неговата слобода Челзи бара 15 милиони евра.