Милан постигна договор со Исмаил Бенасер за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.
24-годишниот Бенасер игра одлично и во последните сезони се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2023 година, но Милан сака да го награди за добрите партии со побогат договор.
Последните информации се дека двете страни постигнале договор и Бенасер ќе стави потпис до 2027 година, а годишно ќе заработува 4 милиони евра плус бонуси.
Алжирецот во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, која ќе биде избришана со новиот договор.