Дома Фудбал Репрезентации Познато кој ќе го замени Нкунку во нападот на Франција

Познато кој ќе го замени Нкунку во нападот на Франција

Поради повреда која ја заработи на вчерашниот тренинг, Кристијан Нкунку ќе го пропушти Светското првенство кое стартува в недела во Катар.

Дидие Дшеам беше приморан да повика замена за напаѓачот на Лајпциг. Нкунку се повреди после стартот од Едуардо Камвинга. Нкунку сезонава постигна 17 голови и подели четири асистенции во Лајпциг, се очекуваше да добие шанса и во Катар, сепак тоа нема да се случи.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На местото на Нкунку селекторот Дешам го повика напаѓачот на Ајнтрахт Рендал Коло Муани. Сезонава 23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт постигна осум гола и забележа 11 асистенции, па сега доби награда за неговата добра форма.

Франција е една од селекциите со најмногу проблеми со повреди затоа што претходно отпадна Кимпебе, а од поодамна е познато дека Канте и Погба не можат да помогнат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Претседател на турски клуб осомничен за местење натпревари – ќе бидат приведени 17 судии

По откритието минатата недела дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во облож…