Дома Фудбал Репрезентации Халанд ќе има четири фаворити на Светското првенство

Халанд ќе има четири фаворити на Светското првенство

Eрлинг Халанд сигурно е еден од најдобрите фудбалери во светот, меѓутоа неговата Норвешка не се пласираше на Светскот опрвенство, па нема да го гледаме во Катар.

Пред почетокот на Мундијалот напаѓачот на Манчестер Сити ги избра и фаворитите. Не можеше да се одлучи за една селекција, па Халанд избра четири селекции.

„Според мене фаворити се Бразил, Аргентина, Франција, можеби и Англија. Не можам да изберам една репрезентацијата затоа што се навистина силни“, изјави Халанд.

За Халанд сега следи период на одмор.

„Секако дека сакав да бидам дел од Светското првенство. Меѓутоа реалноста е дека јас нема да играм. Ќе се опуштам, а потоа ќе тренирам. Со оглед дека ми оди добро во првите месеци во Сити, немам потреба да менувам нешто“, изјави Халанд

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јамал откри што му кажал Мората пред натпреварот со Бразил

Ламин Јамал се присети на разговорот со Алваро Мората пред пријателскиот натпревар меѓу Шп…