Дома Фудбал Останато Претседателот на ФИФА бара прекина на војната за време на Мундијалот

Претседателот на ФИФА бара прекина на војната за време на Мундијалот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повика на прекин на војната во Украина за време на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Инфантино истакна дека Светското првенство кое почнува в недела во Катар е униката можност за прекин на огнот во Украина.

„Мојата молба до сите вас е да размислите за привремено, едномесечно примирје додека трае Светското првенство или барем да се воспостават некакви хуманитарни коридори или било што што може да донесе продолжување на дијалогот како прв чекор кон мирот. Вие сте светски лидери и имате способност да влијаето врз курсот на историјата. Фудбалот и Светското првенство ви нудат уникатна платформа за единство и мир низ целиот свет“, рече Инфантино.

Поради војната во Украина, Русија е исфрлена од плејофот за пласман на Светското првенство, но и од сите официјални меѓународни фудбалски натпреварувања на УЕФА и ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голман на Ангола беше играч на мечот и стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Голманот на У17 селекцијата на Ангола, Желсон Дала (16), беше прогласен за најдобар играч …