Дома Фудбал Останато Демикелис е нов тренер на Ривер Плата

Демикелис е нов тренер на Ривер Плата

Поранешниот аргентински репрезентативец, Мартин Демикелис е нов тренер на Ривер Плата.

 Баерн Минхен, каде Демикелис работеше како тренер на вториот тим, денес потврди дека му дозволиле на Аргентинецот да замине.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тој доаѓа на местото на Марсело Галјардо, кој помина осум многу успешни сезони на чело на гигантот од Буенос Аирес.

Инаку Демикелис е „дете“ на Ривер Плата каде ја започна својата кариера и дебитираше во 2000 година.

Демикелис ја започна својата тренерска кариера во 2017 година кога беше асистент во Малага во Шпанија. Во 2019 година го презеде тимот на Баерн до 19 години, а од минатата година беше на чело на вториот тим на Баварците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Алегри веднаш ќе му каже ДА на Милан“

Легендарниот тренер Џовани Галеоне, кој му е ментор и многу близок пријател на Масимилиано…