Дома Фудбал Репрезентации По битката на теренот: Заедничко селфи на Елиф и Нестор од соблекувалната 📸

По битката на теренот: Заедничко селфи на Елиф и Нестор од соблекувалната 📸

Наполи и Удинезе денес одиграа супер интересен натпревар во кој Елмас постигна гол и забележи асистенција, а еден гол постигна и Несторовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наполи водеше со 3:0. Првиот гол за Наполитанците дојде во првото полувреме по асистенцијаата на Елмас за Осимен. Зјелински до крајот на првиот дел зголеми на 2:0. Во второто полувреме Елмас и се запиша во листата на стрелци.

Во тие моменти изгледаше дека Наполи го чека мирен финиш. Сепак, Удинезе преку Илија Несторовски во 79. минута намалува на 3:1, Нестор само осум минути претходно влезе во игра. До крајот Самрџиќ погоди за 3:2, сепак за повеќе сили Удинезе немаше, па Наполи сепак ги освои бодовите.

По натпреварот двајцата направија и заедничко селфи од соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шкендија се засили со Бојан Димоски (Фото)

Македонскиот прволигаш Шкендија промовира засилување за следната сезона, а тоа е македонск…