Дома Фудбал Мбапе: Сакав да се откажам од Франција, Макрон ме убеди да останам во ПСЖ

Мбапе: Сакав да се откажам од Франција, Макрон ме убеди да останам во ПСЖ

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, откри дека малку недостигало да ја заврши својата репрезентативна кариера минатото лето по елиминацијата на Франција во осминафиналето на Европското првенство.

Мбапе уште еднаш се присети на моментот кога размислувал да ја заврши својата репрезентативна кариера кога доби големи навреди и критики од француската јавност.

„Размислував за тоа најсериозно. Не сакав да играм за луѓе кои ме нарекуваат мајмун. Бев решен да не играм, но луѓето околу мене ме убедија да не го правам тоа поради таквите личности. Најтешко ми беше што го промашив пеналот против Швајцарија, но не заслужив некој така да ме навредува на расна основа. Тој бран на омраза во тоа време беше полн со расизам и тоа навистина ме повреди“, изјави Мбапе.

Мбапе исто така потврди дека ова лето лично Макрон го убедувал да остане во ПСЖ.

„Имаше повици во декември, јануари, февруари, март… Макрон ми се јави и ми рече: Знам дека сакаш да заминеш, но би сакал да знаеш колку е важно за тебе да останеш во Франција. Имаш шанса да пишуваш историја овде. Мило ми беше што ми се јави и бев изненаден што и претседателот го следеше сето тоа“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…