Репрезентацијата на Македонија вчера го заврши настапот на Европското првенство, со три порази во три натпревари македонските ракометари се простија од ЕП на кое бевме едни од домаќините.
Франција, Холандија и Романија во овој момент се посилни репрезентации од нас, бевме аутсајдери во групата. Сепак, девојките не се откажаа и се бореа во секој натпревар, посебно против Романија кога одигравме одлично прво полувреме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од подобрите ракометарки во нашиот состав беше младата Леонида Гичевска.
„Од мала сонувам да играм за Македонија на големо натпреварување ,за многу од нас беше прво вакво искуство . Желбата да поминеме во главна фаза беше огромна но оваа репрезентација го нема кажано последниот збор . Игравме на домашен терен што значи дополнително уживавме , чувството беше неописливо . Благодарност до најдобрата публика на светот ,нашата Фаланга ,која што не бодреше безрезервно на сите натпревари од прва до последна минута . Да се пее химната на Македонија во еден глас со илјадници навивачи е нешто со кое што се гордееме . Сплотени заедно не чекаат големи работи“, порача Гичевска преку социјалните мрежи.