Македониај и Романија одиграа изедначени 30 минути, после кои Романките имаат само гол предност (12:13).
За разлика од првите две средби, кога Холандија и Франција доминираа, денес Македонија имаше добар старт. Романија, поведе, но брзо возвратиме преку Емилија Ризоска веќе во следниот напад. Одлична на голот беше Јована Мицевска која одбрани два зицери на Романките, па по 11 минути игра повторно имавме изедначен резултат, погоди Јована Саздовска. Претходно вториот гол за Македонија го постигна Дабевска Сања.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реализираа напади Романките, но реализиравме и ние уште еден гол псотигна Саздовска, погодија Гичевска и Јанеска, па на средина од првите 30 минути на семафорот стоеше 6:6. Ефикасната игра продолжи и во следните минути Ристовска и Маџовска ги постигнаа првите погодоци, но во одбраната немавме решение за Неагу која во првите 18 минути од натпреварот имаше 6 постигнати гола од вкупно девет на Романија.
На 10 минути до крајот на полувремето Саздовска не реалзираше зицер за нова изедначување, па Романките за првпат по почетните 1:3 стигнаа до два гола предност (8:10). Следуваа три напади кои не ги реалзиравме, па Романија дојде и до 8:11, кратката црна серија кај нас ја прекина Ристовска со вториот гол од седмерец во 23. минута. Романија повторно на плус три дојде со водство од 9:12.
На пет минути до крајот се вратимве на 11:12, по што романскиот селектор повика на тајм-аут. Не пмогна и тајм-аутот Романија да реализира Мицевска собра уште една одбрана, но за жал и ние не одигравме добра полу контра, па во следниот напад Романија повторно се врати на плус 2 (11:13).
Мицевска ја запиша и четвртата одбрана, меѓутоа повторно не искористивме напад за изедначување (12:13). До крајот на првиот дел резултатот не се промени.
Најефикасна кај нас е Дабевска со три гола, Ристовска постигна два, додека Неагу кај Романија остана на тие шест од првата половина. Мицевска полувремето го заврши со пет одбрани.