Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ одлучи: Службена победа за Шкендија и драстична казна за Шкупи

ФФМ одлучи: Службена победа за Шкендија и драстична казна за Шкупи

ФФМ донесе одлука и изрече драстична казна за Шкупи после денешниот инцидент на натпреварот против Шкендија.

Натпреварот беше прекинат во 8-та минута, откако после голот на Елези и водството на Шкендија настава вистински хаос. Домашните навивачи „Шверцери“ влетаа на теренот, по што настана мешаница и масовна тепачка, а мечот беше прекинат.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„На вонредна седница по повод инцидентот на денешниот натпревар Шкупи – Шкендија од 1/4 финалето од Купот на Македонија, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на ФК Шкендија, службено со 3:0 да го добие натпреварот со ФК Шкупи.  Теренот на ФК Шкупи, стадионот во Чаир, се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари. ФК Шкупи се предава на Дисциплинска комисија на ФФМ.  ФК Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје“, се вели во соопштението на ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…