Дома Топ вести Манчестер Јунајтед спрема рекордна понуда за Осимен

Манчестер Јунајтед спрема рекордна понуда за Осимен

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

Приоритет наТен Хаг следното лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а Осимен е на врвот на листата желби.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со агентот на напаѓачот, кој е отворен за преселба во Премиер лигата.

Тен Хаг верува дека Нигериецот идеално ќе се вклопи во тимот, бидејќи веќе ја покажа својата класа во Серија А.

Наполи нема лесно да се откаже од него, но Јунајтед е спремен да испрати понуда од 100 милиони евра, која наполитанците тешко ќе ја одбијат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…