Дербито од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија и официјално нема да се доигра.




Натпреварот беше прекинат во 8-та минута, откако после голот на Елези и водството на Шкендија настава вистински хаос.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Домашните навивачи „Шверцери“ влетаа на теренот, по што настана мешаница и масовна тепачка.
Судиите го прекинаа мечот, а потоа беше донесена конечна одлука тој да не се доигра.




Комисијата за натпревари при ФФМ треба нахнадно да решава, но јасно е дека Шкупи ќе биде драстично казнет.