Дома Македонски спорт Мак ракомет Трифун Костовски со критики до РФМ: Од најелитен спорт, ракометот стана за потсмев!

Трифун Костовски со критики до РФМ: Од најелитен спорт, ракометот стана за потсмев!

Македонија денес го игра последниот натпревар на Европското првенство, денес од 18:00 часот противник на женската сениорска селекција ќе биде Романија. Иако имаме два порази, сепак со победа денес би се пласирале во следната фаза, но Романија е фаворит.

Пред овој дуел поранешниот претседател на Ракометната федерација, Трифун Костовски испрати критики до актуелното раководство на федерацијата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Соопштението кое Костовски го објави на социјалните мрежи ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани читатели, деновиве се одигруваат мечевите по групи од актуелното европско првенство во ракомет за жени, сениори, на кои Република Македонија со својот национален тим, настапи користејќи го правото како домаќин.

Македонија во група со Франција, Холандија и Романија беше пред голем испит да покаже како се практикува ракометот во Македонија.

Одиграни се два меча со Франција и Холандија каде нашата селекција беше прегазена.

Ја користам приликата да го искажам револтот кон актуелното раководство на РФМ, бидејќи трудот на нас бившите претседатели Бојков, Кадиевски, Јас-Костовски и Михајловски е девастиран до невидени граници. Ние, бившите претседатели сами се снаоѓавме да ја финансираме Федерацијата и националните селекции во сите категории. Вината за дебаклот на националниот состав не ја барам во девојките, туку со прст вперувам кон Ракометната Федерација на Македонија.

Недвојбено впечатокот е дека РФМ како институција се става над самиот спорт. Дали РФМ треба да постои за развој на ракометот во Република Македонија или пак ракометарите и ракометарките треба да бидат само гарнир за постоењето на таканаречената авангардна федерација. Ракометот се игра поради младата популација.

Во сиот изминат период во светот ракометот се развива, а за жал кај нас стагнира. Недостиг од знаење, а со тоа и визија на Ракометната Федерација, дојдовме до дереџе на непрепознатливост на сите натпреварувања на светско и европско ниво во сите категории.

Светот учи за ракометот, за жал тоа не е и во Македонија. Од најелитен тимски спорт на Република Македонија кој беше препознатлив, паднавме на ниво за потсмев. Јас и во името на останатите тројца бивши Претседатели на РФМ остро реагирам бидејќи се девастира трудот кој ние го вложивме. Причина за мојата реакција е фактот што на последниот меч со Холандија изгубивме со 15 гола разлика.

Жално е што ниту девојките на теренот, ниту тренерите, ниту РФМ, па ниту публиката не почувствуваа горчина од ваквиот пораз на домашен терен. Не бевме достоен противник за Холандија, а овој факт сам за себе многу говори колку тешко се стигнува до височините на овој спорт, а од друга страна колку лесно се паѓа.

Ние бившите Претседатели на РФМ го направивме ракометот тимски спорт број 1 во Македонија. Доколку и постоеше гордост за спорт меѓу нас граѓаните во Република Македонија, тогаш тоа беше ракометот. За жал денес квалитетот на овој спорт во Македонија е минато. Вината за ваквата состојба не е во девојките на паркетот, туку во РФМ и нејзините институции. Чувството дека сум прелажан вложувајќи и градејќи еден спорт е болно.

Ракометот некогаш гордост на граѓаните на Република Македонија, денес минато“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…