Холандскиот репрезентативец и член на Фенербахче, Робин ван Перси заработи тешка повреда на тренингот на репрезентацијата поради што во прашање е доведена неговата понатамошна кариера, пишуваат англиските и турските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ван Перси настапи на дуелот со Франција, а ден потоа се поврдил на тренингот на репрезентацијата, па холандските медиуми пренесуваат дека станува збор за кинење на вкрсетените лигаменти на коленото.
Рехабилитацијата од оваа повреда вообичаено трае околу девет месеци, што значи дека за Ван Перси сезоната е завршена, а бидејќи има 34 години, во прашање е доведена и неговата понатамошна кариера.
Робин ван Перси е поранешен играч на Феенорд, Арсенал и Манчестер Јунајтед, за националниот тим има одиграно 101 натпревар, на кои постигнал 50 гола.