Дома Фудбал Италија Жиру: Како мало дете сум, направив голема глупост

Жиру: Како мало дете сум, направив голема глупост

Милан славеше со 2-1 против Специја во неверојатен финиш кога Оливие Жиру постигна гол за нови три бода, но потоа направи глупост и доби црвен картон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот напаѓач неколку минути пред голот доби жолт картон, а очигледно заборавил на тоа, па реши погодокот за победа да го прослави така што го соблече дресот и доби втор жолт картон.

„Росонерите“ така останаа со фудбалер помалку до крајот на мечот, меѓутоа Специја не успеа да дојде до израмнување.

„Тешко е да се најдат правилни зборови. Лут сум на себе, пред да го направам тоа, постигнав гол и поради адреналин решив да прославам, сè уште сум како мало дете“, вели Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Џо Кол за поништениот гол на Хрватска: Една од најлошите одлуки во историјата на СП!

Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол остро ја критикуваше одлуката со која беше пон…