Дома Фудбал Останато Лос Анџелес шампион во МЛС, Бејл херој! 🎥

Лос Анџелес шампион во МЛС, Бејл херој! 🎥

Фудбалерите на Лос Анџелес се шампиони во МЛС лигата откако во вчерашното драматично финале ја совладаа Филаделдија преку пенали.

Натпреварот во регуларниот дел заврши 2:2, а во продолженијата двата тима постигнаа по еден гол. Херојот во победничкиот тим беше Герет Бејл кој во 128. минута постигна гол за изедначување, па се изведуваа пенали.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Со  голот на Акоста Лос Анџелес поведе после половина час игра, Газдаг изедначи, па Лос Анџелес повторно поведе, за 2:2 се погрижи Елиот на пет минути пред истекот на регуларните 90.

Голманот на Лос Анџелес во продолженијата во 116. минута направи фаул надвор од шеснаесетникот и доби црвен картон. Во таа ситуација се повреди, па го замени Мекарти кој само десет минути подоцна беше совладан за 3:2. Како што споменавме пред самиот крај Бејл стрелаше за 3:3.

Следуваше пенал рулетот каде што фудбалерите на Филаделфија беа катастрофални и ги промашија сите три пенали кои шутираа, па трофејот заврши во Лос Анџелес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

После 13 години си заминува креаторот на најголемите успеси на Сити

Чики Бегиристаин, спортскиот директор на Манчестер Сити кој е архитект на сите најголеми у…