Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра натпреварот против Албанија, селекторот, Игор Ангеловски, како и фудбалерите се мотивирани пред овој натпревар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Да потсетиме, избраниците на Ангеловски во овој натпревар влегуваат после победата над Израел на гостински терен од 0:1. Македонија овој натпревар ќе го одигра во Струмица, а нашиот селектор најави добар натпревар во чест на Горан Пандев кој како што е познато потекнува од Струмица.
„Сите сме среќни, играме натпревар во град кој ни го даде големиот Горан Пандев, должни сме да ја израдуваме оваа поблика. Сметам дека ги имааме сите предиспозиции за натпреварот против Албанија да биде наш најдобар во овие гвалидикации. Ќе играме офанзивно и сметам дека само така можеме да стигнеме до позитивен резултат. Играме во добра фтгорма и сакаме победа“, изјави Ангеловски.
Македонија и Албанија натпреварот од квафилификациите ќе го одиграат вечерва со почеток од 20:45.